Претходна статија
Од 1 јуни ќе сообраќаат по седум воза дневно меѓу Скопје и Битола
Следна статија
Нови објекти тајно ќе никнат на Водно во делот на Општина Карпош

Распишан Конкурс за идејно решение за центарот на Гостивар

Објавено на 30.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гостивар денеска објави Конкурс за изработка на идејно решение за централното градско подрачје. Очекувањата се дека архитектонската јавност ќе достави предлози за моделирање на постоечкото градско јадро, во труд што ќе претставува основа за натамошниот развој на центарот на Гостивар. Изготвените проекти треба да се достават до Општина Гостивар најдоцна до 1 јули. Изборот на најквалитетното идејно решение ќе го врши жири – комисија во состав: Сабри Сулејмани, Сефедин Билали и Јетон Салија.