Претходна статија
Со 2,4 милиони евра ќе се реконструира Градската болница во Скопје
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: „Рециклиран град“

Во 1 часот по полноќ поставени три нови споменици од „Скопје 2014“

Објавено на 21.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Спомениците на Неџат Аголи, Јосип Багери и Пјетер Богдани никнаа во центарот на Скопје во 1 часот по полноќ. Утрово во паркот Жена-борец беше поставен споменикот на албанскиот писател Пјетер Богдани, во близина на Стариот театар е поставен споменикот на албанскиот културен деец и католички свештеник Јосиф Багери, а на плоштадот „Македонија“ се подготвува теренот за поставување на споменикот на Неџат Аголи. Кој ги постави овие споменици од владиниот проект „Скопје 2014“ засега останува нејасно. Од општина Чаир денеска излегоа со информации дека тие биле присутни на терен и технички помагале во изведбата на овие споменици.

 

Од општина Центар соопштија дека тие воопшто не се запознаени, ниту пак учествувале во тајното поставување на спомениците на албанските дејци. „Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар. За ова сценарио, градоначалникот Жерновски веќе одржа прес-конференција, на која ја разоткри политичката игра на Груевски и Ахмети од 2013 година, кога намерно било одложено поставувањето само на овие три споменици“, велат од општина Центар.

 

Општина Центар информира дека градоначалникот Андреј Жерновски ги задолжил надлежните инспекциски служби да ги истражат наодите. „Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат превземени сите законски мерки, вклучувајќи и кривична одговорност. Општина Центар ќе побара од општина Чаир да каже во која постапка е избран изведувачот за поставување на спомениците и која е компанијата која бесправно ги постави спомениците. Сосема е јасно дека општина Чаир ниту може ниту има надлежност да издава одобрение за поставување на споменици на територијата на друга општина“, нагласуваат од општина Центар.