Претходна статија
Новите ДУП-ови во Општина Аеродром ги скараа партиите
Следна статија
Новото училиште во Капиштец конечно доби „амин“ од Министерство за финансии

Уште еден тендер за изградба на водоводот во Сопиште

Објавено на 23.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По речиси 10 месеци од објавувањето на првиот тендер, Општина Сопиште денеска распиша уште еден јавен повик за пронаоѓање на изведувач на регионалниот водовод Патишка река. Овој инфраструктурен проект се одложува подолг временски период од една во друга година, а последен пат минатата есен на граѓаните на Сопиште им го вети поранешниот премиер Никола Груевски. Изградбата на системот за снабдување со вода за пиење е проценето дека ќе чини 183.793.220 денари, односно околу 3.000.000 евра без вклучен ДДВ.

 

Водоснабдителниот систем треба да се изгради во временски период од 18 месеци, но претходно ќе треба да се избере најповолен понудувач. Општина Сопиште ги очекува понудите од градежните компании до 12 април, за кога е закажано нивното јавно отворање. Со проектот треба да се зафатат водите на Патишка река, но и да се изведе цевковод во должина од 22 километри што ќе ја носи водата до населените места. Пред неколку години, жителите од селото Патишка река протестираа против изградбата на регионалниот водовод.

 

Покрај за обезбедување питка вода за постоечките села од оваа општина, регионалниот водовод ќе биде искористен и за приклучување на елитната населба Сончев град. Финансиските средства за овој инфраструктурен проект се обезбедени од државниот буџет.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk