Претходна статија
Привршува изградбата на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник
Следна статија
Приватниот ФОН Универзитет со сопствен студентски дом

Објавен тендер за изградба на гасоводот Неготино – Битола

Објавено на 18.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонски енергетски ресурси (МЕР) денеска објави повик до домашните и странските компании за учество во изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола. Инфраструктурниот објект со должина од 92 километри е зацртано да се изгради во временски период од 36 месеци. Проектираната вредност на гасоводната линија изнесува 2.253.260.000 денари, односно над 36 милиони евра без вклучен ДДВ. Реализацијата на проектот е овозможена преку подигнатиот кредит од германските Дојче Банка и Ерсте Банка во висина од 90 милиони евра.

 

Тендерската постапка е отворена за оние економски оператори што имаат остварено минимални вкупни приходи од 32 милиони евра годишно во последните три години. Заинтересираните домашни и странски субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 12 мај, за кога е планирано и нивното јавно отворање.

 

Магистралниот гасовод од Неготино до Битола е една од трите гасоводни делници што се градат со средства од кредитното задолжување на нашата земја. Државната МЕР треба во наредните два месеца да ги избере изведувачите на гасоводите од Скопје до Гостивар и од Штип до Неготино, за кои веќе беа распишани тендерски постапки.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk