Претходна статија
Започна изградбата на фекален колектор на булеварот „Видое Смилевски Бато“
Следна статија
Катастар: недвижностите во Скопје имаат највисока вредност

Охриѓани бараат референдум за изградбата на објекти во Националниот парк Галичица

Објавено на 04.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За изградба на експресниот пат Охрид – Пештани, за ски-центарот на Галичица и за туристичко-развојните зони во Љубаништа, Стење и Отешево е неопходно распишување на референдум во Охрид. Според информациите на порталот „Охрид Њуз“, граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации го предложија овој демократски механизам за одлучување на денешната јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Сите тие денеска посочија дека туризмот на планината Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти.

 

 

 

Од Градежниот институт „Македонија“ на денешната јавна расправа нагласија дека во ревидираниот извештај се вклучени мерки за ублажување на негативните последици, кои би настанале со евентуална реализација на владините проекти во Националниот парк Галичица. Една од мерките е да се прошири зоната на активно управување, со што паркот би се здобил со дополнителни 854 хектари. Лондонската консултантска куќа „Цитрус и партнери“ посоч на можноста за изградба на природни коридори за животните долж трасата на идниот пат Охрид – Пештани, со што би им се овозможило непречено движење на животните од планината кон Охридското езеро и назад.

 

Од Националниот парк Галичица денеска посочија дека измените на планот за управување со паркот се иницирани од владата. Граѓаните и сите правни лица имаат рок до 11 февруари за да ги достават своите писмени забелешки во однос на ревидираниот Извештај за оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на планот за управување со Националниот парк Галичица. Истовремено, на Меѓународната петиција за спас на Охридското езеро од најавените проекти досега се потпишаа над 12.900 лица.