Градот Скопје распиша тендер за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира фасадата на објектот на улица „Македонија“ со број 37. Претстојната „барокизација“ на оваа зграда од централното градско подрачје се реализира врз основа на идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставревски, кое беше избрано кон крајот на 2012 година. Според проценките на градските власти, новата фасада ќе чини околу 800.000 илјади евра. На градежните компании им е оставен простор до 8 јануари 2016 година за да ги достават нивните понуди. Како и досега, промената на надворешниот изглед на објектот ќе се спроведе единствено на неговата предна страна, која гледа кон централната пешачка зона во Скопје.