Претходна статија
Јавниот превоз во Скопје ќе се плаќа со електронски картички од 1 јануари
Следна статија
Струмица го надмина проблемот со поплавување на делови од градот

Најдоцна за пет години треба да биде изградена браната „Конско“

Објавено на 15.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Земјоделците од гевгелискиот регион најдоцна до 2020 година ќе добијат сигурен извор за наводнување на нивите. По долгогодишни ветувања и одложувања на проектот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го склучи договорот за изградба на браната „Конско“, со која ќе се реши проблемот за наводнување на 8.000 хектари земјоделски површини на југот на нашата земја. Капиталниот проект ќе се гради во наредните пет години од страна на турската компанија „Serka Taahhut Insaat AS“ од Истанбул, која победи на тендерот во конкуренција на четири доставени понуди.

 

Од државниот буџет за браната „Конско“ ќе се потрошат 2.442.281.400 денари, или над 39,6 милиони евра. Во согласност со изготвената документација, браната ќе биде висока 78,5 метри и ќе има должина од 331 метри. Покрај за наводнување на земјоделските површини, идната акумулација во близина на Гевгелија ќе го реши проблемот со водоснабдување на населението од целиот регион, но е зацртано да обезбеди и развој на регионалниот туризам, спортот и рекреацијата.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk