Американската компанија „Гентерм“ (Gentherm) започна со изградба на нова фабрика за автоделови во Технолошко – индустриско развојната зона во Прилеп. Станува збор за производствен капацитет со површина од 21.500 метри квадратни, во кој ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили. Вкупната инвестиција изнесува 20 милиони евра и се очекува да донесе околу 2.000 вработувања. Во новата фабрика во ТИРЗ Прилеп е предвидено да се произведуваат делови за автомобилските брендови „Ферари“, „Порше“, „Бентли“, „Рено“ и „БМВ“. Индустрискиот погон треба да почне со работа во јуни следната година.