Со една година задоцнување, стартува спроведувањето на еден од најзначајните проекти за земјоделството во земјава, кој треба да го реши проблемот со снабдување на вода за земјоделците од полошкиот регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави тендерот за изградба на главниот довод за наводнување на системот Равен – Речица кој ќе опслужува 3.200 хектари земјоделско земјиште во околината на Тетово и Гостивар. Се проценува дека за изведбата ќе бидат потребни шест години и околу 15 милиони евра. Градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 15 декември.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk