Претходна статија
Приватен инвеститор ќе ги добие пристаништето и марината во Охрид?
Следна статија
Општина Центар со прашања до владата за најавениот хотел во Градскиот парк

Тече процесот на реконструкција на 11 железнички станици

Објавено на 18.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со целосно обезбедени финансиски средства од Европската комисија и од европските ИПА фондови, во Македонија во моментов се реконструираат 11 железнички станици долж Коридорите 10 и 10д. За нивната целосна санација ќе се потрошат 5 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра се наменети за скопската железничка станица, а остатокот за реновирање на станиците во Велес, Битола, Богомила, Гевгелија, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска информираше за актуелната фаза на реализација на обемниот проект.

 

 

 

Во моментов во завршна фаза се градежните работи на железничката станица во Скопје, која се очекува комплетно да биде завршена до ноември годинава. За инфраструктурните објекти во внатрешноста на земјава, реализацијата тече според предвиденото. „Покрај претходно воведените во реконструкција железнички станици во Прилеп и во Велес, во минатите неколку денови се воведоа во реконструкции железничките станици во Градско и Демир Капија, а до крајот на годината, по добивање на одобрение за градба од страна на општините ќе бидат воведени реконструкции и железничките станици Табановце, Богомила, Чашка, Неготино, Гевгелија и Битола“, вели владиниот портпарол Ѓорѓиев.

 

Планот е сите 10 железнички станици да бидат целосно реконструирани во текот на 2016 година. Со инвестицискиот циклус комплетно ќе се модернизираат железничките станици кои воопшто не се обновени откако се изградени.