Претходна статија
Нов „Кинески ѕид“ висок сто метри ќе се гради во Градскиот парк?!
Следна статија
Ќе се обноват покривите на 14 станбени згради во Карпош

Објавен победничкиот архитектонски труд за новиот Луна парк

Објавено на 16.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Тимот што го изработи првонаграденото идејно решение за новиот Луна парк во Скопје (автори Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев) денеска ги објави визуелизациите и објаснувањата за изгледот на забавниот парк. Според информациите на интернет – порталот МАРХ, основниот проект го добила фирмата „Билд Урбан“, која го изработи второнаградениот труд на архитектонскиот Конкурс. Основниот проект ќе претставува компилација од трите наградени решенија избрани во јуни годинава.

 

#

 

 

Во продолжение следува дел од текстуалното образложение на првонаградениот труд: „Зборот ЛУНА е коренот на целосната инспирација на ова решение на забавниот парк. Всушност, футуристичкиот поглед прераскажан во минатото е базата од која новото решение е добиено при процесот на размислување. Во овој проект, главен симбол врз кој се темели неговата изработка е месечината. Сета нејзина симболика и фигура како космички објект е обликовно употребена. Месечината претставува наративно средство, лебдечки сигнал над локацијата во текот на работните часови на забавниот парк. Лоцирана над едукативниот центар, илуминирана, доминира физички над паркот. Нејзината поставеност, го потенцира дополнителното информирање, упатено кон заинтересираната публика. Месечината овозможува брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен, лесно вклоплива во графичките помошни средства (лого, мапирање, билети, флаери и постери). Природниот изглед на Месечината, учествува во обликовното уредување, партерното решение и организација на сите објекти, реквизити и помошни елементи. Притоа се внимава на функционалниот аспект на обликувањето“, се наведува во образложението на авторскиот тим на „Лунар“.

 

###

 

 

Младите архитекти во својот авторски израз се обиделе да изготват целосно поинаква замисла за Луна паркот. „Новото решение е поставено слободно во просторот, нагласувајќи ги двете дијагонали „Југоисток-Северозапад“ и „Североисток-Југозапад“. Низ првата го усмеруваме движењето, влезот и излезот, додека на втората ги поставуваме вертикалите. Целата површина е дефинирана со смелиот потег на „Лудата железница“, создавајќи единствена атмосфера во внатрешноста (инспирација-силуета на природен пејсаж), комплетирајќи ја сликата со присуството на светлечката површина. Конструктивното јадро на roller coaster-от претставува површина со можност за различно обликување (аквадукт, исполнета површина-подлога за проекции и цртежи, интегрирање на функционален простор и др. можности кои се тема на дефинирање во следните фази). Административниот простор е поставен аголно во Југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно – собирен плоштад на влезот. Од тука движењето се усмерува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ просторот асоцирајќи не на месечевото обликување“.

 

###

 

 

###

 

 

„Реквизитите се организирани зависно од тоа дали се од детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип. Користејќи го негативното искуство на возот од досегашното решение со цел ослободување површина за дополнителни содржини, го подигнуваме на столбови“, нагласуваат архитектите. Првонаградениот труд предвидува едукативен и мултимедијален центар во кој може да се дознае нешто повеќе за Месечината, небесните тела и астрономијата. Авторите од тимот „Лунар“ испланирале и две активности вон границите на забавниот парк, со кои нема да се уништи зеленилото од Градскиот парк. „Првата е воденото поврзување со каналната мрежа во Градскиот парк. Целта е да се употреби истата за педалински сообраќај и рекреација, која е возможна преку поврзување со крак и подигнување на два моста. Таа траса е битна за да се стигне до големото езеро, поставено во центарот на паркот. Втората активност е поврзана со возот, за кој предлагаме линијата на движење да продолжи низ целата површина на Градскиот парк, овозможувајќи разглед и престој во урбаната шума“, се наведува во образложението на архитектите.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект