Претходна статија
Се одолговлекува изградбата на предвидениот затворен базен во Охрид
Следна статија
Повторно ќе се интервенира на скопскиот мост Гоце Делчев

Пуштен во употреба патот до скијачкиот центар Маврово

Објавено на 22.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска го пушти во употреба реконструираниот патен правец Маврово – Маврови Анови со должина од 6 километри. Трасата целосно е асфалтирана, а санирано е и свлечиштето кај Белички камен. Според соопштението на Министерството, вкупната инвестиција во овој инфраструктурен зафат изнесува 1,2 милиони евра. Финансиите се обезбедени преку кредит од Светска банка. Во рамките на зафатот е изведена пешачка патека долга околу 3 километри. Одделни сегменти од патот правец се проширени, и тоа на оние делници каде што истиот е потесен од шест метри.

 

##

 

 

Патниот правец Маврово – Маврови Анови повеќе од три и пол години предизвикуваше сериозни проблеми во движењето на граѓаните кои сакаат да го посетат скијачкиот центар Маврово. Ветената реконструкција на свлечиштето на патот започна кон средината на август минатата година. Санацијата на патниот правец доцнеше повеќе од четири месеци, земајќи го во предвид фактот дека февруари 2015 година беше првично предвиден рок за завршување на градежните работи.

 

 

Бојан Блажевски