Претходна статија
ЕЛЕМ ќе вложи 710.000 евра за велосипедска патека кај езерото Козјак
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Грд „барок“ однапред, запустени фасади во позадина

„Ки Сејфти Системс“ гради фабрика во Кичево

Објавено на 15.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ денеск стартуваше со изградба на фабрика во Технолошко индустриско развојната зона Кичево. На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за економија Беким Незири, кои ги објаснија придобивките од новата странска инвестиција во земјава. Инвеститорот од САД во наредните две години ќе вработи 1.000 лица во новата фабрика за производство на воздушни перничиња за познати автомобилски марки. Компанијата планира да вложи 20 милиони евра во новиот индустриски погон во ТИРЗ Кичево.

 

* Извор на фотографија: Министерство за економија

 

 

Паралелно со изградбата на оваа фабрика, во кичевската индустриска зона привршува изведбата на неопходната инфраструктура. Просторот со површина од 3 хектари ќе биде функционален до крајот на октомври, при што на заинтересираните инвеститори им се нудат 9 парцели за отпочнување на нови бизниси во земјава. „Ки Сејфти Системс“ веќе вработува 72 лица во постоечки објект во Кичево, проект кој претставува браунфилд инвестиција.