Претходна статија
Државата сопственик на 18 дивоградби
Следна статија
Заврши реставрацијата и конзервацијата на Исхакија џамија во Битола

ПроКредит банка гради деловен објект во Карпош 3

Објавено на 21.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколку месеци изминати во интензивна изградба, новиот деловен објект на ПроКредит банка во скопската населба Карпош 3, лоциран до трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, е доведен на ниво на карабина. Зградата има приземје и четири ката и во неа ќе функционира канцелариски простор и експозитура на банката. Проектот го изработи скопското студио „Радиус Архитекти“, а изведувач на терен е фирмата „Ривер Девелопмент“. Градежните активности започнаа кон крајот на минатата година, врз основа на одобрението за градење издадено од општина Карпош во ноември 2014 година.

 

###

 

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски