Претходна статија
Втора фаза од реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе гради плажа во Лагадин за 1,2 милиони евра

Градски парк ја вдомува фудбалската Академија на Самсоненко

Објавено на 14.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Веќе неколку дена интензивно се одвиваат подготвителни работи за изградба на фудбалска Академија во Градскиот парк во Скопје. Механизацијата на градежната фирма „Балкан констракшн груп“ ги расчисти некогашните помошни фудбалски терени на клубот „Вардар“, на кои е предвидено да се гради комплекс од три фудбалски игралишта, шест соблекувални, предавална, канцелариски простор, фан-шоп на ФК „Вардар“ и кафетерија.

 

 

 

Идејното решение за спортскиот комплекс е изработено од страна на архитектот Тања Добровотски. Академијата ќе се протега на земјиште со површина од 14.100 метри квадратни, кое во февруари годинава го купи рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, односно фирмата „СИС Балкан“ по цена од 2.420 денари, односно 40 евра за метар квадратен. Во идната фудбалска Академија за деца до 12 година е планирано да се инвестираат два милиони евра.

 

 

 

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски на почетокот на февруари реагираше на чинот на продажба на земјиштето спроведен од Министерството за транспорт и врски, тврдејќи дека станува збор за ниска цена по која се продаде ова атрактивно земјиште во Градскиот парк. Инвеститорите возвратија дека ако Жерновски успее за еден месец да пронајде друг купувач, кој во изградба на објектот ќе вложи два милиони евра, а во купување на парцелата 550.000 евра, тие ќе се повлечат.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски