Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се премостува булеварот Гоце Делчев
Следна статија
Конгресниот центар Александар Македонски ќе дочека основен проект

„Бауер БГ“ ќе ја проширува улицата „Маџари“ во Гази Баба

Објавено на 01.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Улицата „Маџари“ во скопската општина Гази Баба ќе добие четири коловозни ленти и нова атмосферска канализација во должина од 666 метри. Градот Скопје потпиша договор со фирмата „Бауер БГ“ за реконструкција и проширување на оваа сообраќајница, на потегот од улицата „Јужноморавски бригади“ до улицата „Палмира Тољати“. Од градскиот буџет за овој градежен потфат се издвоени финансиски средства во висина од 51.912.580 денари или околу 840.000 евра. Во согласност со објавените податоци од Бирото за јавни набавки, новиот профил на улицата „Маџари“ ќе биде комплетиран во рок од 20 месеци.

 

 

 

Основните проекти за сообраќајната инфраструктура и за атмосферската канализација веќе се изработени од „Давос Инвест“ од Скопје, додека нивната ревизија ја изврши Градежниот факултет. Целосното проширување на оваа скопска сообраќајница до надвозникот кај автопатот кон Велес ќе се оствари во две фази.

 

 

Бојан Блажевски