Претходна статија
Избран изгледот на новите плажи долж Охридското езеро
Следна статија
Никој не е заинтересиран за изградба на трамвајот во Скопје

„Барокен“ деловен објект ќе се гради кај спортскиот центар „Кале“

Објавено на 28.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски продава градежна парцела со површина од 2.447 метри квадратни кај спортско – рекреативниот центар „Кале“ во центарот на Скопје. На локацијата е предвидено да се подигне деловен објект со приземје, шест ката и поткровје, со бруто развиена површина од 8.836 метри квадратни. Идниот инвеститор треба да изработи идејно решение во некој од стиловите на барок или класицизам. Посебно формирана Комисија при Министерството за транспорт и врски треба да ја одобри архитектурата од основниот проект.

 

 

Покрај задолжителната примена на некој од архитектонските правци на „Скопје 2014“, во огласот се наведени и дополнителни услови за компанијата. Пред одржување на јавното наддавање на земјиштето, понудувачите е неопходно да достават банкарска гаранција во износ од 30.000 евра за сериозност на понудата. Заедно со овој доказ, заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 2 март, додека електронската лицитација ќе се одржи на 9 март. Почетната цена за продажба на примамливата локација за градење изнесува 6.000 денари за метар квадратен.

 

 

Бојан Блажевски