Претходна статија
Ќе се изготви проект за експресниот пат Штип - Кочани
Следна статија
Избран изгледот на новите плажи долж Охридското езеро

Битолски Драгор со редизајнирани мостови

Објавено на 27.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Битола денеска ги промовираше подготвителните активности на терен за отпочнување со реализација на проектот за редизајнирање на мостот на реката Драгор под Безистенот во центарот на градот. Вкупната инвестиција во проектот изнесува 2,6 милиони денари. Покрај новата конструкција на оградата, мостот ќе добие илуминација од двете страни, а ќе се постават клупи за седење и жардиниери. По завршувањето на зафатот, продолжува партерното уредување на потегот од мостот, покрај Борово и ТТК банка до стоковната куќа „Марди“.

 

извор на фотографија: Општина Битола 

 

 

Во рамки на проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите“, во изминатиот период извршена е санација и уредување на мостот кај гимназијата Јосип Броз Тито, музичкото училиште и дрвеното мовче, изграден е нов мост – кружен тек кај Црн мост, редизајниран е стариот мост на истото место и направен е пешачки мост, а мостот кај Безистенот е шеттиот мост по ред врз кој се вршат градежни активности. За реконструкција се предвидени и мостовите кај Карпош и Јенимаале.