Претходна статија
Во Куманово ќе се градат станбени згради, трговски центар и фабрики
Следна статија
Наскоро обнова на ресторанот „Езерце“

Уште една „барокна“ зграда ќе ја опколи Македонската опера и балет?

Објавено на 16.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) склучило договор со бирото „Архитектоника“ од Скопје за изработка на проектна документација за новиот административен објект во кој ќе се сместат државни институции, што е зацртано да се гради на зелената површина, веднаш до идното здание на Народна банка. Во временски период од 130 денови ќе се изготви целосната документација, и тоа идеен проект, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации, проект за подготвителни работи и основен проект за новото здание од владиниот проект „Скопје 2014“. Автор на најдобро рангираното идејно решение за „барокната“ зграда е Жарко Чаушевски, на кого му е доделена втора награда на неодамна реализираниот Конкурс.

 

#Во идното административно здание ќе се сместат државни институции, кои ќе се стекнат со канцеларискиот простор со површина од 10.179 метри квадратни. Објектот со приземје, седум ката и поткровје е предвидено да се издигне на градежна парцела со големина од 1.547 метри квадратни. Вкупната сума на финансиски средства што ќе треба да се одвојат од државниот буџет за оваа намена ќе се знае по комплетирање на целосната документација. АДСДП за нејзиното изготвување ќе издвои 8.732.000 денари или околу 140.000 евра, се наведува во објавениот документ на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

 

 

Бојан Блажевски