Претходна статија
Започнува „барокизацијата“ на улица „Македонија“
Следна статија
Општина Центар го почна, Градот Скопје ќе го довршува плоштадот „Карпошово востание“

Трета шанса за изградба на затворен пазар во Охрид

Објавено на 26.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По два неуспешни тендери во текот на годинава, општинската власт во Охрид денеска распиша трет повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на затворениот пазар во градот. Пазарот со 192 тезги површина од 1.230 метри квадратни ќе биде во склоп на нов објект за административни, деловни и трговски намени, лоциран на местото на постоечкиот градски пазар. Објектот ќе има подземен паркинг, приземје и три ката и вкупна површина од 6.779 метри квадратни, а реализацијата ќе му биде доверена на приватен партнер што ќе и даде најголем административен простор на Општина Охрид на вториот кат.

 

 

 

Инвестициската вредност на планираниот објект изнесува 203.059.346 денари, односно 3,3 милиони евра (без вклучен ДДВ). Во рамки на подземниот гаражен простор е планирано паркирање на 150 возила, со што треба делумно да се реши проблемот со недостиг на паркинг места во Охрид. Рокот за изведба кој ќе треба да го испочитува приватниот партнер е 18 месеци. Понудите треба да се достават најдоцна до 26 јануари 2015 година, за кога е предвидено и нивното јавно отворање.