Претходна статија
Лицитација за земјиште во Маџари
Следна статија
Свечено отворена винаријата „Стоби“

Мал Ринг падна на Уставен суд

Објавено на 30.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Оспорената верзија на ДУП Мал РингУставниот суд ги укина последните измени на Деталниот урбанистички план Мал Ринг што Општина Центар ги усвои на почетокот на годинава. Според уставните судии планот бил донесен по скратена постапка, односно според процедура од закон кој веќе не важел во времето на усвојувањето и немало услови да се примени стариот закон.  Уставниот суд минатиот месец одлучи да ја поведе постапката, според иницијативата поднесена од страна на архитектот Мирослав Грчев. Пред Општина Центар останува отворена можноста повторно да го усвои истиот план преку повторување на процедурата со запазување на законските услови. Неодамна на уставен суд падна и урбанистичкиот план за локалитетот „Сончев Град“.



Форумска дискусија за ДУП Мал Ринг » овде