Претходна статија
Проектот „Читаме згради: ГТЦ како книга“ в сабота во МКЦ
Следна статија
Вера Ќосевска лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014 година

Уставниот суд ја аминуваше изградбата на десеткатница на Водно

Објавено на 25.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со образложение дека нема надлежност да дава оценка за донесените урбанистички планови „Тасино чешмиче“ и „Капиштец – Водно“, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за утврдување на нивната уставност и законитост. Мнозинството судии донесоа одлука дека поднесената иницијатива е неоснована и неоправдана – предметот е отфрлен поради тоа што при нејзиното разгледување требало да се земе во предвид единствено Законот за просторно и урбанистичко планирање, но не и другите закони.

 

#Уставниот суд смета дека оценувањето на ваквата одлука на општинскиот совет не претставува уставна категорија, посочувајќи друга институција што е надлежна за оценување на нивната работа – Инспекторатот за локална самоуправа. Градоначалникот Андреј Жерновски ја поднесе иницијатива за испитување на законитоста и уставноста на општинскиот совет на крајот од август годинава. Претходно, Советот на општина Центар ги донесе проблематичните урбанистички планови на седница, на која 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ гласа „за“, идентичен број на советници од СДСМ гласаа „против“, додека претседателот Мирослав Шиповиќ гласаше „воздржано“.

 

Во двата урбанистичките планови „Тасино чешмиче“ и „Капиштец – Водно“ се внесени неколку скандалозни измени, меѓу кои е и изградбата на нова зграда од 10 ката во подножјето на Водно, и покрај препораките на стручната јавност и институции дека планината нема да го издржи планираниот наплив на нови објекти за колективно домување и за други намени.