Претходна статија
Камен темелник за ТИРЗ Тетово
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Најавена изградба на административна зграда на Општина Бутел

Сончев Град падна на Уставен суд

Објавено на 24.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Урбанистички план за локалитет Сончев ГрадВчера Уставниот суд ја укина одлуката со која Советот на Општина Сопиште во февруари 2007 година го усвои урбанистичкиот план за локалитетот „Сончев Град“. Иницијативата пред судот ја покрена ИБЦ (IBC, Industrial Building Corporation), израелската компанија која е сопственик на земјиштето. Израелците ја купија парцелата од околу 640 илјади метри квадратни на јавно наддавање во 2007 година и за нејзе на државата и исплатија 3,6 милиони евра. Тие таму до 2011 година требаше да изградат елитна населба за 6.000 жители, каде беа предвидени 11 згради, 603 куќи и разни други објекти и содржини. Инвестицијата се проценуваше на околу 100 милиони евра. Но набргу се појавија цела низа проблеми, почнувајќи од блокадата на изградбата на водоводот од Патишка Река, сообраќајното поврзување, како и самиот урбанистички план кој не соодветствуваше на состојбата на терен. Имено тој бил изготвен според погрешни геодетски податоци кои се базирале на авионски снимки од 1962 година. Од Општина Сопиште денес најавија дека ќе поведат нова процедура за усвојување на урбанистичкиот план и дека ќе ги отстранат пропустите. Исто така изразуваат увереност дека проектот не е пропаднат и дека за неколку месеци ќе почне неговата реализација.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде