Претходна статија
Новиот скопски плоштад „ВМРО“ ги скара политичките партии
Следна статија
Македонија бара консултант за воспоставување на национален авиопревозник

Олеснета изградбата на семејни куќи во Илинден

Објавено на 11.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пионерскиот проект „Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи“ со извонредни резултати во Општина Илинден. Оние кои градат индивидуални куќи на територијата на оваа општина од скопскиот регион имаат можност основниот проект за нивниот објект да го добијат бесплатно преку избор на еден од четирите идејни решенија и основни проекти. Од почетокот на годинава до денес се издадени 147 одобренија за градење на семејни куќи, од кои дури 98 се според некој од понудените бесплатни проекти. Само во октомври годинава, 28 од вкупно 29 издадени градежни дозволи за индивидуални домови ќе се градат по теркот на подготвените основни проекти.

 

Од Општина Илинден соопштуваат дека со ваквата поволност им се овозможува заштеда од преку 1.000 евра на инвеститорите, во делот на неопходните средства за изработка на проекти. Покрај придобивките за инвеститорите, со овој чекор се олеснува работата на административците и се забрзува постапката за издавање на градежни дозволи, која граѓаните можат да ја добијат за само три дена.

 

Населба „Јака“За да се овозможи реализацијата на овој проект, локалната самоуправа претходно ја финансираше изработката на четири идејни решенија и основни проекти за изведба на семејни куќи на територијата на земјава. На почетокот од годинава, „Инком Инженеринг“ од Скопје и „Есперанца“ од Битола беа избрани за изготвувачи на оваа проектна документација, која е вметната како предност и при продажбата на градежни парцели за индивидуално домување во новата населба „Јака“.