Претходна статија
„Јужен поток“ или „Трансјадрански гасовод“, прашањето е сега
Следна статија
Штипски „Бетон“ за пет пати ја зголемил добивката

Хотел и голем трговски центар ќе се градат кај преминот „Богородица“

Објавено на 06.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гевгелија продаде градежна парцела во близина на граничниот премин „Богородица“ со површина од 16.064 метри квадратни, со основна намена за изградба на хотелски комплекс и големи трговски единици како компатибилна класа на намена. Урбанистичкиот план предвидува објект со приземје и 10 ката и бруто развиена површина од 71.833 метри квадратни. Земјиштето е продадено по цена од 1.442 денари за метар квадратен, односно вкупно 23.164.288 денари  (околу 375 илјади евра).

 

Инвеститорот на големиот комплекс во близина на грчката граница ќе биде дополнително обелоденет. По спроведеното електронско јавно наддавање, неопходно е најповолниот понудувач најпрво да ја уплати целата сума. По оваа фаза, локалната самоуправа од Гевгелија ќе може да го потпише договорот со победничката компанија. Од она што е познато, инвеститорот ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди градежна дозвола од денот на солемнизација на договорот, а објектот ќе мора да го изгради во рок од 10 години од добивањето на одобрението за градење.