Претходна статија
Катни гаражи во Капиштец и Ново Маало
Следна статија
Камен темелник за нов објект на Министерството за земјоделство

Ставени потписи на спогодбата за клириншкиот долг на Русија – средствата ќе се искористат за гасификација на Македонија

Објавено на 20.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера во Санкт Петербург беше потпишана спогодбата за подмирување на рускиот клириншки долг кон Република Македонија. Овој долг датира од времето на Советскиот Сојуз и неговата вредност е утврдена на 60 милиони долари, а договорот предвидува Руската Федерација да испорача стоки и услуги потребни за гасификација на Македонија. Заменик претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставревски, изрази увереност дека овој договор и дополнителни околу 15 милиони долари кои ќе бидат обезбедени од наша страна се гаранција за успешен старт на големите проекти за гасификација на земјава.


Претходно Ставревски и Претседателот Ѓорѓе Иванов остварија средба со генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер. На средбата меѓудругото е разговарано за вклучување на државава во големиот гасовод „Јужен поток“ со изградба на крак низ нашата територијата, како и партнерство меѓу рускиот гигант и Република Македонија во изградба на гасни електрани.