Претходна статија
Битола ќе се грее на парно најдоцна до 2017 година
Следна статија
Саем за „Купи куќа, купи стан“ во „Скопје сити мол“

Турски „Аселсан“ ќе ги модернизира македонските патарини

Објавено на 23.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектот на ЈП за државни патишта, за изградба и модернизација на патарините долж Коридорот 10, како и инсталација на електронски систем за наплата на патната такса, ќе го реализира турската компанија „Аселсан“. Наплатата ќе се врши преку микробранови транспондери, односно еден вид налепници и специјални „смарт“ картички, при што категоризацијата на возилата ќе ја врши електронскиот систем. Возачите ќе можат да ги купат овие електронски картички на наплатните станици на патарините, и тоа во две можни варијанти: при пејд и пост пејд. Во втората фаза од реализацијата на проектот тие ќе се продаваат на бензинските станици и на останатите малопродажни објекти. Системот за електронска наплата ќе се имплементира во временски период од 18 месеци, сметано по потпишувањето на Договорот со „Аселсан“ што треба да се случи во текот на наредните недели.

 

Наплатна станица ПетровецВо согласност со изготвената документација, во претстојниот период ќе се изврши реконструкција, проширување и модернизација на петте постоечки наплатни рампи на Коридорот 10 (Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско). Наплатните станици Романовце и Градско ќе се дислоцираат за неколку стотини метри поради зголемување на бројот на ленти за наплата од постојните пет на 10, како и поради изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп. Со исклучок на Петровец, која ќе остане со девет ленти, патарините Сопот и Отовица, исто така ќе се прошират со по уште една лента и ќе имаат вкупно пет ленти. Висината на оваа инвестиција е 18,7 милиони евра, од кои 15 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а останатиот дел од државниот буџет.