Претходна статија
Започна реконструкцијата на скопската железничка станица
Следна статија
Охрид домаќин на Втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн

Странци ќе не советуваат за планираните туристичко – развојни зони

Објавено на 30.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пред да почнат да се реализираат, планираните туристичко – развојни зони ќе добијат физибилити – студија и мастер план за развој. За оваа намена, Министерството за транспорт и врски пред повеќе од еден месец потпишало договор со хрватската експозитура на консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ во висина од 10.566.192 денари или околу 170 илјади евра. „Horwath i Horwath“ до крајот на мај 2015 година ќе треба да испорача документ со конкретни предлози за развој на планираните десет туристичко – развојни зони, од кои две се планирани во Дојран, три во охридското село Љубаништа и по една во преспанските Отешево и Стење, струшкото село Калишта, на Попова Шапка и на Кожув.

 

 

 

Преку консултантските услуги на полесен начин ќе се дојде до конкретни замисли за развојот на овие комплекси, за кои е предвидено да се одвои површина од преку 10 хектари за секој посебно. Според првичната идеја, во туристичко – развојните зони би никнале нови хотели, угостителски објекти, спа – центри, би се развила инфраструктурата за нивно непречено работење, при што на заинтересираните домашни и странски компании ќе им се овозможат бројни бенефиции ако се решат да ги остварат своите инвестиции. Најголем дел од градежното земјиште во рамките на овие зони е државно, додека за парцелите во приватна сопственост ќе се изврши експропријација.

 

Собранието на Република Македонија во ноември 2012 година ја изгласа законската рамка за формирање на овие зони. Со реализација на овој проект се очекува посилен развој на македонската економија, првенствено на туризмот, подобрување на конкурентноста и отворање на нови работни места.