Претходна статија
Повик за доставување предлози за наградата „Андреја Дамјанов“
Следна статија
Градот Скопје со сопствени средства ќе го обновува Луна паркот

Ќе се адаптираат дел од содржините во објектот на македонската влада

Објавено на 23.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Покрај тековната изведба на неокласична фасада, објектот на македонската влада ќе се реконструира и одвнатре. Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за изведба на градежни и градежно – занаетчиски работи за адаптација на дел од содржините во рамките на поранешното здание на Це – Ка, кое е со вкупна површина од 35.200 метри квадратни. Градежниот зафат ќе се реализира во согласност со веќе изготвениот проект и предмер за владиниот објект.

 

Во публикуваното известување на веб – страницата на Бирото за јавни набавки не се наведени попрецизни информации во врска со тоа што ќе се адаптира во зградата која во моментов е подложна на реконструкција. Предвидената вредност на проектот изнесува 26.270.000 денари или околу 430 илјади евра, без вклучен ДДВ. Заинтересираните градежни компании ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 15 јули, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

#Во меѓувреме, продолжува реализацијата на неокласичната фасада на објектот. Дел од некогашните „коцки“ што гледаат кон реката Вардар веќе се целосно завршени, додека во моментов се поставува конструкцијата и се нанесува фасадата на делот од објектот што е свртен кон булеварот „Илинден“. Градежните активности се одвиваат речиси непрекинато во изминативе 14 месеци, а досегашната цена на проектот ја надмина сумата од 10 милиони евра. Како изведувачи на неокласичната фасада се јавуваат фирмите „Бауер БГ“ и „Декон – Ком“ од Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект