Претходна статија
Управувањето со паркинзите во центарот на Скопје стана историја
Следна статија
Доставени 49 понуди за 80 локации за мали хидроелектрани

Напредува изградбата на болницата „Филип Втори“

Објавено на 01.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Оперативата на градежната фирма „Модинг“ од Тетово веќе две години активно работи на изградбата на Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“, кај Градската болница „8 Септември“ во скопската населба Карпош-3. Здравствениот објект со приземје и три ката во моментов е доведен на ниво на карабина, а допрва ќе се работи на изведба на стаклената фасада и на ентериерното уредување. Специјалната болница се гради на парцела со површина од 8.400 метри квадратни, купена на јавно наддавање во текот на 2010 година за 1,7 милиони евра. Изградбата започна кон средината на 2012 година, а за надзор беше ангажиран „Градежен институт Македонија“.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

####