Претходна статија
Во март биле издадени одобренија за градба за проекти со вкупна вредност од 352 милиони евра
Следна статија
РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Ќе се изработи основен проект за новата Универзална сала

Објавено на 09.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за култура денеска објави оглас за изготвување на основниот проект за новиот објект на Универзалната сала во Скопје [»мапа]. Најповолниот понудувач ќе треба да ја изработи документација за сите фази од реализацијата на проектот во временски период од осум месеци. Изработката на основниот проект е проценето дека ќе чини 16.949.153 денари или над 270 илјади евра без вклучен ДДВ. Проектната документација ќе се направи врз основа на победничкото идејно решение на архитектонското студио „Стоун Дизајн“ од Скопје. Заинтересираните треба да ги достават своите понуди најдоцна до 23 јуни.

 

 

 

Новиот објект на Универзалната сала ќе има форма на јајце, нагласувајќи го притоа современиот архитектонски пристап на авторите на одбраниот труд. Предвидени се две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200 до 300 седишта. Постапката за изготвување на основниот проект ќе следи по изборот на најповолниот понудувач, додека почетокот на изградбата на објектот официјално не е најавен. Победничкото идејно решение беше обелоденето на почетокот од декември минатата година.