Претходна статија
Продадена локација за хотел во Аеродром
Следна статија
52 милиони евра за реконструкција и изградба на затвори

Осум заинтересирани компании за концесија на македонските автопатишта

Објавено на 20.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До Министерството за транспорт и врски се доставени осум барања за учество во постапката за концесија која се однесува на изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Република Македонија. Во следниот период следува претквалификација во која ќе се утврдува дали заинтересираните страни имаат соодветна финансиска и техничка способност за спроведување на концесија од овој вид и обем. Оние за  кои  ќе  се  утврди  дека  ја  имаат  бараната способност ќе  бидат поканети да подигнат тендерска документација и да достават понуди, односно да учествуваат  во втората фаза на постапката. По доставувањето на понудите истите ќе се евалуираат, после што ќе се избере најповолнен понудувач.


Северна обиколница на СкопјеКонцесијата се однесува на два пакети. Во првиот се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип (преку Свети Николе), како и постоечките Миладиновци – Скопје и северната обиколница на Скопје. Вкупната должина на овие делници е 177,5 километри. Во вториот пакет се патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан и постоечкиот Гостивар – Скопје, со вкупна должина од 196 километри. Концесиите ќе се доделат за период од 35 години, а концесионерите ќе треба на ниво на автопат да ги изградат делниците кои недостасуваат во рок од 8 години. Економско – техничките анализи и студии ги изработи консултантската куќа „Louis Berger“.


На иницијалниот повик за пројавување на интерес кој заврзши на 15.08.2008 се јавија 48 компании. Потоа, после повеќемесечно одлагање, во средината на ноември 2009 Министерството за транспорт и врски го објави повикот за учество во постапката, а рокот за доставување на потребната документација беше 15.01.2010. Во меѓувреме беа редуцирани првичните пакети и беа исфрлени повеќе предвидени автопатски делници, со што вкупната должина на делниците во двата пакети се намали од 555 на 373 километри. Следеа уште неколку одлагања на рокот за доставување на барања за учество, со што процесот беше одолговлечен за дополнителни 5 месеци.