Претходна статија
Санација на неколку објекти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“
Следна статија
Меѓународен конкурс за плоштадот во Пловдив

За да се прошири булеварот „Даме Груев“ ќе се урива дел од објектот „Макоил“ на улица Македонија?

Објавено на 25.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Улицата „Димитрие Чуповски“ што минува кај „Рекорд“ ќе стане пешачка зона, а целокупниот сообраќај ќе се пренасочи кон булеварот „Даме Груев“, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Р.М. Оваа првична замисла на Градот Скопје би требало да се преточи во реалност ако се изнајде соодветно решение за зградата на „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“) на улицата „Македонија“, која во моментов го попречува проширувањето на булеварот „Даме Груев“. За да се надмине овој проблем, градските власти деновиве потпишаа договор со скопската фирма „Геоинг МК“ за изработка на основен проект за рушење и адаптација на овој објект.

 

Проблематичниот објект на „Макоил“Проблематичниот објект на „Макоил“Проблематичниот објект на „Макоил“Проблематичниот објект на „Макоил“

 

 

Во наредните три месеци треба да се изготви неопходната документација, по што ќе се знае колкав дел од зградата ќе се руши и кое решение ќе се примени за заштита на носечката конструкција на останатиот дел од објектот. Речиси е сигурно дека постоечкиот пешачки пасаж ќе биде заменет со две дополнителни коловозни ленти, со кои сообраќајницата ќе ја добие планираната ширина од 17 метри. Од Град Скопје засега не сакаат да дадат дополнителни информации во врска со овој проект. Оттаму за „Билд“ истакнуваат дека сите натамошни активности ќе бидат утврдени по изработката на проектната документација.

 

Просторот на кој ќе се проширува сообраќајницатаПросторот на кој ќе се проширува сообраќајницатаПросторот на кој ќе се проширува сообраќајницатаПросторот на кој ќе се проширува сообраќајницата

 

 

Со реализација на реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Даме Груев“ ќе се пренасочи постоечкиот сообраќај од улицата „Димитрие Чуповски“, по која во иднина е предвидено да минува единствено планираниот трамвај. Главната предност на проектот е претворање на центарот на Скопје во пешачка зона, што претставува стремеж на кој во моментов работат и поголемите европски метрополи. Сепак, главната грижа од реализацијата на проектот е решавањето на проблемот со паркирање за станарите на Градски ѕид, на кои со проширувањето на „Даме Груев“ ќе им биде одземен сегашниот паркинг. По изработката на основниот проект, ќе се пристапи кон донесување одлука за начинот на спроведување на оваа идеја на градските власти.