Претходна статија
Изработка на проекти за изградба и реконструкција на неколку патишта
Следна статија
Привршува проширувањето на „Александар Македонски“ во Прилеп

ЕУ објави тендер за рехабилитација на пругата Битола – Кременица, ќе се гради и станица кај Жабени

Објавено на 15.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколкугодишни ветувања од македонските власти и одлагање на почетокот на проектот, Европската унија денеска објави меѓународен тендер за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира железничката делница од Битола до Кременица, со должина од околу 17 километри. Финансиите во висина од околу 20 милиони евра се обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ. Во тендерот се наведува дека најповолниот понудувач ќе мора комплетно да го промени горниот и долниот строј на пругата, што ќе овозможи зголемување на тежината по оска, односно можност за движење на било која дизел локомотива и товарни вагони со поголема маса.

 

Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)

 

Проектот вклучува изградба на една станица кај индустриската зона Жабени, заедно со железнички крак за идните инвеститори во зоната, реконструкција на едно стојалиште кај селото Кравари и изведба на дополнителен колосек, изградба или реконструкција на девет помали мостови, изведба на 10 железнички премини и инсталирање на сигнална и телекомуникациска опрема, со што ќе се овозможи движење на возовите со максимална брзина од 100 километри на час. Учесниците на тендерот мора да задоволат неколку критериуми, вклучувајќи банкарска гаранција за својата понуда во износ од 300.000 евра и условот во последните три години да оствариле добивка од најмалку 26 милиони евра.

 

Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)Моментална состојба на пругата Битола - Кременица (извор: Извештај за заштита на животната средина)

 

Работите ќе се доделат на онаа фирма што ќе достави понуда со најниска цена. Задолжителен состанок со заинтересираните компании ќе се одржи на 27 мај во просториите на МЖ – Инфраструктура, додека рокот за поднесување на понудите истекува на 15 јули. Јавното отворање на понудите ќе се одржи истиот ден во просториите на Министерството за финансии. Градежните активности за реконструкција на пругата од Битола до Кременица, која е дел од паневропскиот Коридор 10д, се очекува да стартуваат во втората половина од годинава.