Во текот на минатата недела стартуваше изградбата на патот до манастирот „Свето Преображение“ во село Зрзе, општина Долнени. Должината на локалниот пат изнесува 7,5 километри и истиот треба да се комплетира во временски период од една година, а финансиската конструкција за зафатот изнесува 1,7 милиони евра. Според зацртаното во проектот, последните 350 метри од патот ќе бидат изведени со коцка и ќе формираат пешачка зона, со што ќе се ограничи пристапот на возила во рамките на манастирскиот комплекс. Манастирот „Свето Преображение“ е лоциран на околу 30 километри од Прилеп, а во моментов до него се стигнува единствено по земјен пат.