Претходна статија
Се гради нова фабрика кај Велес, вложување вредно 35 милиони евра
Следна статија
Возовите од Скопје за Солун повторно ќе сообраќаат од 10 мај

Битола ќе гради стадион за 12.000 гледачи

Објавено на 09.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на голем број заинтересирани граѓани, Општина Битола и „Мегарон Инженеринг“ ја одржаа четвртата презентација на проектот за изградба на нов фудбалски стадион под „Тумбе Кафе“, со капацитет за 12.000 гледачи. Се планира изградба на три нови трибини, а постоечката јужна трибина ќе биде задржана и реконструирана, исто како и атлетската патека. Стадионот ќе биде изграден според меѓународни стандарди и ќе биде класифициран во стадиони од втора категорија според критериумите на ФИФА и УЕФА, на кој ќе може да игра и националната сениорска фудбалска репрезентација.

 

За проектантските услуги, на скопското проектантско биро „Мегарон Инженеринг“ од буџетот на Општината му беа исплатени 94 илјади евра. Висината на целата инвестиција се проценува на околу 8 милиони евра, при што најголемата инвестиција и содржини се поврзани со северната трибина која ќе чини повеќе од 50% од целиот проект, односно 4,5 милиони евра. „За изградба на новиот стадион планираме да отвориме и посебна донаторска жиро сметка затоа што очекуваме поддршка од стопанствениците но и од Македонците во странство“ изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

#

###

###