Претходна статија
Заврши реконструкцијата дел од стариот пат Скопје - Куманово
Следна статија
Енергетската ефикасност го менува начинот на градење на становите

Консултациите за ТЕ „Осломеј“ ќе чинат над 1,7 милиони евра

Објавено на 26.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе потроши 109.003.695 денари или околу 1,7 милиони евра за изработка на планираната физибилити студија и имплементација на проектот за модернизација на термоелектраната „Осломеј“. За реализација на консултантските услуги во однос на тоа што понатаму ќе се прави со овој енергетски објект е избрано Друштвото за инженеринг и консалтинг „АФ Консалтинг“ од Скопје, со кое е потпишан договор со важност до средината на октомври 2017 година. Од „АФ Консалтинг“ се очекува да понуди солуции за натамошно функционирање на ТЕ „Осломеј“, меѓу кои е и можноста за воведување на природниот гас како енергенс во добивањето на електрична енергија.

 

Овој енергетски објект во моментов се наоѓа во незавидна состојба, поаѓајќи од фактот дека резервите на јаглен се мали, јагленот има ниска калорична вредност, додека во производствениот процес постои ниска стапка на ефикасност. Термоелектраната треба да ги задоволи строгите критериуми за ограничување на емисијата на издувни гасови, а неодамнешната студија на „Топлификација Инженеринг“ покажа дека не може да се реализира замисленото централно греење на општините Кичево, Зајас и Осломеј од постоечките капацитети на оваа термоелектрана.

 

ТЕ „Осломеј“ е пуштена во употреба во 1980 година, како објект со инсталирана моќност од 125 мегавати и годишно производство од околу 700 гигават часови електрична енергија.