Претходна статија
Енергетската ефикасност го менува начинот на градење на становите
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе гради барок на „Бихаќка“

Комплетирана е првата фаза од реконструкцијата на патот Велес – Кадрифаково

Објавено на 26.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Магистралниот пат Велес – ШтипЧетири месеци од почетокот на градежните работи, Јавното претпријатие за државни патишта денеска ја пушти во употреба делницата од клучката кај Велес до велешката депонија, како прва фаза од проектот за реконструкција и проширање на магистралниот пат Велес – Штип. Со зафатот е извршена санација на коловозот во должина од 6,3 километри и негово проширување од 6,4 на 7 метри. На делови од трасата е поставено ново осветлување, сообраќајна сигнализација и современа заштитна ограда во должина од 4,7 километри. Висината на инвестицијата во овој проект изнесува 1,3 милиони евра, финансиски средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Градежните работи за реконструкција на делницата од Велес до велешката депонија ги реализираше австриската компанија „Штрабаг“.

 

По комплетирањето на првата фаза, наредниот месец ќе стартува реконструкцијата на двете постоечки и изведба на трета коловозна лента, на потегот од велешката депонија до селото Лозово во должина од 8,9 километри. Третата етапа од проектот ќе започне во периодот мај – јуни годинава, во чии рамки е предвидена санација и проширување на трасата од Лозово до Кадрифаково во должина од 10,7 километри. Со зафатот е зацртано на тој сегмент  патот да се прошири од сегашните 6,4 метри на 11,1 метри. Вкупната должина на магистралниот пат што ќе биде подложен на реконструкција изнесува околу 24 километри.