Претходна статија
Жителите на Капиштец ќе добијат нова детска градинка
Следна статија
Наместо извештај за неправилности, објавен тендерот за изградба на ХЕ „Бошков мост“

„Гранит“ ќе го довршува објектот на Македонската филхармонија

Објавено на 17.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за култура потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ за довршување на новиот дом на Македонската филхармонија, лоциран до објектот на Македонската опера и балет во центарот на Скопје. Градежните активности треба да продолжат во најскоро време, а периодот за изведување на градежно – занаетчискиот дел треба да заврши во рок од осум месеци. Најголем предизвик за новиот градител на проектот во претстојниот период ќе биде реализацијата на специфичниот покрив, додека бетонската конструкција на оваа градба е речиси целосно комплетирана.

 

 

 

Од државниот буџет за довршување на објектот се одвоени 294.890.549 денари, без вклучен ДДВ. Ако на оваа сума се додаде данокот и претходно уплатената сума на австриската компанија „Алпине Бау“, тогаш досега потрошениот износ за изградба на филхармонијата се искачува на околу 12,8 милиони евра. Камен темелникот на овој објект беше поставен во март 2009 година. Неговата изведба се одвиваше, иако со бавно темпо, до банкротот „Алпине Бау“, чија оператива ги изведуваше работите на терен до јуни минатата година.

 

Идејното решение за објектот на Македонската филхармонија е дело на архитектот Виктор Михајлов, додека основниот и главниот проект се изработени во „Македонија проект“.