Претходна статија
Нов ГИС портал за лесен пристап до информациите од катастарот
Следна статија
Обнова на фасадите на заштитени објекти долж булеварот „Илинден“

Нова плажа и пешачка патека за заживување на туризмот во Дојран

Објавено на 16.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски периодов работи на остварување на проекти што ќе го заживеат туризмот во Дојран. Со финансиски средства од државниот буџет е предвидена изградба на пешачка патека што ќе го поврзе населеното место Нов Дојран со Стар Дојран со должина од над два километри. Според информациите што денеска ги изнесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градежните активности на овој зафат ќе започнат во март и треба да завршат најдоцна до крајот на годината. Паралелно со овој проект, во моментов се работи и на реализација на новата плажа на брегот на Дојранското езеро.

 

Во текот на наредната недела ќе биде организирана јавна аукција, на која ќе се избере субјект што ќе стопанисува со плажата во Дојран. Предвидено да се уредат 500 метри од брегот на езерото во централното градско подрачје и дополнителни 100 метри вон населеното место. По склучувањето на договорот, треба да започне и изведбата на проектот којшто треба да го зголеми бројот на посетители во овој летен туристички центар. Инвеститорот ќе треба да се раководи од избраното идејно решение за оваа плажа, кое е изработено од архитектонското биро „Астрекс“ од Скопје. За изготвување на архитектонскиот труд веќе беа издвоени 1.180.000 денари од државниот буџет.

 

Во согласност со замислата на надлежното министерство, градската плажа во Дојран во наредните месеци е планирано хортикултурно да се уреди, да се постави шанк, урбана опрема, санитарни јазли, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.