Претходна статија
Владата ќе ги субвенционира домаќинствата што ќе постават сончеви колектори
Следна статија
Раководството на ГТЦ тивко ја подготвува неговата реконструкција

Архитектите против предложените измени на Законот за градење

Објавено на 24.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска побара да се повлече членот 4 од Предлог законот за измени и дополнувања во Законот за градење, со кој се предвидува општинските совети да донесуваат одлуки за изгледот на фасадите на објектите во централните градски подрачја. Предлог – законот е влезен во собраниска процедура и пред неколку дена го помина првото читање пред пратениците. ААМ денеска испрати барање до Комората на овластени архитекти и инженери за активно вклучување на Комората и интервенирање во предложените измени и дополнувања на законот. „Со додавање на наведениот нов член во Предлог законот за измени и дополни во Законот за градење, повторно и одново се потценува, девалвира и навредува архитектонската професија“, истакнува претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ.

 

Од асоцијацијата додаваат дека со воведувањето на новиот член во законот се врши директно непочитување на стручноста на архитектите. „Архитектурата е наука, се изучува на универзитет и е одраз на научна и естетска студија од што произлегува дека архитектите се единствени стручни и компетентни во формирањето на сликата на градот“, се наведува во испратеното барање од страна на претседателката на ААМ.  На 27 јануари е закажано второто читање на Предлог – законот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, по што тој повторно ќе се најде на гласање пред пратениците.