Претходна статија
Наместо архитекти, политичари ќе одлучуваат за изгледот на македонските градови
Следна статија
Скопје ќе се задолжи со 5 милиони евра за подземната сообраќајница

Отворена новата фабрика на „Џонсон контролс“ во Штип

Објавено на 20.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Технолошко индустриската развојна зона во Штип денеска ја доби првата изградена фабрика во нејзини рамки. Во присуство на премиерот Никола Груевски, американскиот амбасадор Пол Волерс и генералниот директор на Трим групацијата „Џонсон Контролс“ (Johnson Controls), беше пуштен во употреба индустрискиот објект во кој се инвестирани 20 милиони евра. Фабриката е специјализирана за производство на покривки за автомобилски седишта и се очекува за една година да започне да ги снабдува европските клиенти. Во моментов во погонот на оваа американска компанија работат 1.040 вработени, со тенденција да се зголеми нивниот број на ветените 1.400 работни места. Површината на првата фабрика во ТИРЗ „Штип“ изнесува 4,9 хектари, додека покриениот простор се протега на површина од 13.500 метри квадратни.

 

Со реализирањето на оваа инвестиција, „Џонсон Контролс“ ја отвори втората фабрика во Македонија. Изградбата на објектот во Штип започна во октомври 2011 година, а влегувањето на компанијата во земјава се случи со отворањето на првата фабрика (во ТИРЗ „Скопје 1“) во текот на декември 2007 година. „Џонсон Контролс“ има производствени капацитети во преку 150 земји во светот, во кои работат над 160.000 вработени. Компанијата остварила глобална продажба од 40,8 милијарди долари во 2011 година.