Вчера се произјасни комисијата за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за општинска зграда на Општина Центар. На конкурсот кој беше објавен на 15.12.2009 пристигнаа девет трудови и сите влегоа во конкуренција со оглед на тоа што во целост ја испочитувале конкурсната задача. Низ 4 седници и 5 индивидуални разгледувања комисијата дојде до одлука да не додели прва награда и да откупи четири трудови. Откупените трудови се на авторите М-р Слободан Велевски д.и.а и М-р Марија Мано Велевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра ФОЛИе, Миодраг Радоњиќ-Бато д.и.а и Ранчо Христов д.и.а за конкурсниот труд со шифра МОТИВ, Звонко Тасевски д.и.а и Ирина Бојаџиевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра МИРАЖ и Драги Зафиров д.и.а и Владимир Арсовски д.и.а за конкурсниот труд со шифра 61125.
Објектот е предвиден на локацијата на старите општински бараки. За општината да ги покрие финансиските трошоци, тој нема да биде исклучиво административен, туку ќе содржи и деловен простор. Се најавуват две опции за изградба. Првата е земјиштето да биде доделено на приватен инвеститор кој ќе го изгради објектот и дел ќе отстапи на општината, а втората е општината сама да го изгради и потоа да го продава или издава деловниот простор.
Форумска дискусија за овој проект » овде