Претходна статија
Ќе се реконструираат пречистителните станици на Дојранското езеро
Следна статија
13,2 милиони евра за системите за наводнување

Продадени 14 парцели за изградба на куќи и зграда во Илинден

Објавено на 17.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Илинден изминативе денови успешно отуѓи 14 градежни парцели за изградба на куќи и објект за групно домување. Според соопштението од Општина Илинден, 13 парцели за куќи со површина од 400 до 500 метри квадратни се наоѓаат во идната населба „Јака“, додека земјиштето со површина од 2.872 метри квадратни наменето за изградба на зграда за групно домување е лоцирано во економската зона „Ограѓа“. Од Општината информираат дека досега се продадени 261 градежна парцела во „Јака“, а за отуѓување во наредниот период останаа уште 82 локации за градење. Населбата „Јака“ се наоѓа на 10-тина километри од центарот на Скопје, се простира на 28 хектари, и во негови рамки е предвидена изградба на трговски центар, хотели, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

 

 

 

И додека градежните парцели добиваат сопственици преку електронска лицитација, општина Илинден во моментов активно работи на изведба на комплетната инфраструктура во идната населба. Веќе е изграден нов мост што ја поврзува населбата „Јака“ со општината, а реконструирана е и улицата „406“ што води кон неа. Во тек е и изборот на четирите најповолни идејни проекти за изградба на куќите, кои бесплатно ќе им бидат понудени на сите оние што купиле парцела во рамките на овој простор.