На вчерашната седница Уставниот суд го одложи решението дали да поведе постапка за оценување на уставноста на деталниот урбанистички план „Мал Ринг“. Уставниот суд допрва ќе проверува дали јавната анкета за последните измени на ДУП-от траела точно 10 работни дена, со оглед на тоа дека планот беше изложен за време на новогодишните и божиќните празници. Иницијативата пред Уставниот суд ја поднесе архитектот Мирослав Грчев, според кого планот бил донесен и по постапка која претходно била исфрлена од законот за просторно и урбанистичко планирање.
Форумска дискусија за ДУП „Мал Ринг“ » овде