Претходна статија
Реконструкцијата на пругата од Битола кон Грција ќе почне годинава
Следна статија
Италијански „Итек“ прв ќе гради фабрика во ТИРЗ Тетово

Владата ќе продолжи со постапката за изградба на „Луково поле“ и „Бошков мост“

Објавено на 16.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По барањето на македонските и на странските екологисти за прекинување на постапката за изградба на акумулацијата „Луково поле“ и хидроелектраната „Бошков мост“, македонската влада преку својот портпарол соопшти дека реализацијата на овие енергетски проекти ќе продолжи. Притоа, нема да се дозволело загрозување на животната средина во Националниот парк „Маврово“. „При реализацијата на проектите ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и за почитување на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации кои ќе имаат удел во реализација на проектите и кои даваат уште еден дополнителен гарант дека нема да биде преземено нешто што би значело нарушување на еколошкиот баланс и загрозување на животната средина“, изјави владиниот портпарол Владимир Ѓорѓиев.

 

* „Луково поле“ треба да обезбеди дополнителен воден потенцијал за мавровските хидроелектрани

 

 

Ѓорѓиев напомена дека овие два енергетски проекти се стратешки за земјата и дека со нивна реализација ќе се постигнат ефекти не само во енергетиката, туку и во целокупниот економски развој. Во проектот „Луково поле“ ќе се инвестираат финансиски средства во висина од 50 до 55 милиони евра преку обезбедениот заем од Светска банка и од буџетот на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Акумулацијата ќе обезбеди собирање вода од корапското сливно подрачје за производство на дополнителни 125 гигават – часови електрична енергија од мавровските хидроелектрани. Во рамките на Националниот парк „Маврово“ е предвидена и изградба на хидроелектраната „Бошков мост“, која годишно треба да произведува 126 гигават – часови електрична енергија. Висината на оваа инвестиција е 107 милиони евра, обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој и од сопствени средства на ЕЛЕМ.