Претходна статија
Ставена во функција 110 kV разводна постројка во ТС „Петровец“
Следна статија
За три години Скопје ќе има современ Клинички центар

Изведбата на „барокни“ фасади започнува со улицата Никола Вапцаров

Објавено на 02.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Улица Никола ВапцаровЗапочнува уште еден проект за промена на надворешниот изглед на зградите во центарот на Скопје. Зградата на улицата „Никола Вапцаров“ бр.9 ќе биде првата што ќе добие „барокна“ фасада, што ќе се реализира врз основа на изработениот архитектонски труд на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески. Градот Скопје потпиша договор со градежната компанија „Бауер БГ“ за реконструкција на фасадата на објектот, зафат за кој е предвидено да се потрошат 22.850.372 денари или околу 370 илјади евра. Договорот е потпишан на 26 декември, а е објавен на веб – страницата на Бирото за јавни набавки на 31 декември 2013 година.

 

Покрај оваа зграда, првенство при реконструкцијата ќе им се даде и на објектите со број 2-4 и 12 на улицата „Никола Вапцаров“, оние со број 22-24 на булевар „Димитрие Чуповски“ и со број 25, 35 и 001 на улица „Македонија“. Основните проекти за реконструкција на фасадите на 23 објекти во централното градско подрачје ги изработија фирмите „Архитектоника“ од Скопје и „Проинг Љубе“ од Битола. Промената на досегашниот изглед на градбите во срцето на македонската метропола е еден од најобемните проекти во кои ќе инвестира Градот Скопје. Во градскиот буџет за 2014 година за оваа намена се предвидени 1.398.373 евра.