Претходна статија
И покрај судската одлука, италијанците остануваат концесионери на „Дрисла“
Следна статија
Општина Петровец нуди 11 локации за изградба на фабрики

Унгарски „Виалто“ повторно ќе го советува Град Скопје за трамвајот

Објавено на 26.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На идејата за трамвај во Скопје се работи единствено преку потпишување на нови консултантски договори. По три години од склучувањето на договорот со англиски „ЕЦ Харис“ и унгарската компанија „Виалто консалтинг“, Градот Скопје повторно ги ангажираше унгарците како консултанти во реализацијата на постапката за доделување договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на идниот трамвајски систем. „Виалто“ треба да помогне во изборот на концесионер и во постапката за потпишување на договорот со заинтересирана странска компанија што би го изградила трамвајот во Скопје. По изборот на консултант, се очекува градската управа во претстојниот период да распише нов меѓународен тендер за проектот што со децении се ветува на жителите на главниот град.

 

Унгарски „Виалто консалтинг“ ќе го советува Град Скопје во наредните 15 месеци. За извршување на оваа услуга од градскиот буџет се издвоени 5.828.250 денари или околу 95 илјади евра. Повторниот избор на консултант за реализација на трамвајот следува по неуспешниот обид за пронаоѓање на најповолен понудувач за изградба на алтернативен јавен превоз. Поради неисполнување на тендерските услови, понудата на норвешкиот конзорциум „Скурдал и Метнит групација“ во текот на јуни годинава беше одбиена од градските власти. Идниот концесионер ќе треба да ја изгради првата трамвајска линија во должина од 12,1 километри и да набави трамвајски возила за превоз на патници.

 

 

» Форумска дискусија за скопскиот трамвај