Претходна статија
Македонските градежници се враќаат на пазарите во Либија и Индија
Следна статија
190.000 евра за реконструкција на опожарената главна пошта во Скопје

Поставен камен – темелник на ПЕТ Центарот

Објавено на 07.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на изградбата на Центарот за позитронска емисиона томографија – ПЕТ Центар во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. „Ова е проект кој чини севкупно над 12 милиони евра, половина во опрема, половина во градба и претставува приближно околу 12 отсто од сите оние 100 милиони евра кои ги инвестираме во здравството во последните неколку години“, изјави Груевски.

 

#Позитронската емисиона томографија претставува последен дострел на медицинската наука во обидот да се добие прикажување на функционалните промени во ткивата на човекот, како основа за навремено откривање на многу болести, давање прецизна дијагноза, ефикасна терапија и следење на болните. Здравствениот објект е со зацртана површина од 2.600 метри квадратни и за негова изградба е склучен договор во висина од околу 380 милиони денари со австриската градежна компанија „Штрабаг“. Проектот го изработи „Иванов Инженеринг“, а градежниот надзор ќе го врши „Евро Консалтинг“.

 

Опремувањето на установата ќе се одвива во две фази, при што циклотронот и една ПЕТ – ЦТ камера веќе се нарачани и треба да бидат доставени до крајот на 2014 година. Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) ќе учествува во комплетирањето на една производствена лабораторија. Очекувањата се дека ПЕТ Центарот ќе почне активно да функционира во 2015 година.