Претходна статија
Албанската „Амадеус груп“ ќе гради барокен деловен објект на плоштадот „Македонија“
Следна статија
„Голден Арт“ гради станбена зграда со 117 станови во општина Аеродром

Холандски „ВПТЕКС“ отвори фабрика во Кадино

Објавено на 16.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ја пушти во работа новата фабрика за производство на работна и заштитна опрема на холандскиот инвеститор „Ван Пајнброк Текстил“ (Van Puijenbroek Textiel) лоцирана во индустриската зона во селото Кадино, општина Илинден. Во овој производствен погон со површина од 2.500 метри квадратни се вложени два милиони евра и во него веќе се вработени 50 лица, а уште 50 ќе бидат ангажирани во наредниот месец со воведување на втората производствена линија. Во првиот квартал од 2014 година ќе се отвори и третата линија за производство на заштитна облека. Управниот директор на компанијата, Роб Кластен истакна дека општина Илинден е добро место за инвестиции бидејќи е во близина на аеродромот и има добра инфраструктура.

 

Познатата холандска текстилна компанија е основана во 1865 година. Преку фирмата – ќерка „ВПТЕКС Македонија“, на крајот од септември минатата година беше поставен камен – темелник за изградба на индустрискиот објект.